14 јули
Изглед
14 јули — 195-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (196-и во престапна година). Остануваат 170 денови до крајот на годината.
Настани:
1469 | Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша. |
1789 | Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција. |
1867 | Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот. |
1933 | Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии. |
1999 | 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот. |
2006 | Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години. |
Родени:
Починале:
1223 | Филип II Август — француски крал. |
1887 | Алфред Круп — германски индустријалец и производител на оружје. |
1939 | Алфонс Муха — чешки сликар и илустратор, основоположник на стилот арт нуво. |
1944 | Благој Јанков - Мучето — народен херој на Македонија. |
1968 | Константин Паустовски — руски и советски писател. |
1971 | Мак Диздар — босански и југословенски поет. |
1998 | Ричард Мекдоналд — основач на најголемиот ланец на ресторани во светот — „Мекдоналдс“. |
2019 | Пернел Витекер — американски боксер. |